Македонците сакаат да одат на летување, но не можат секаде, барем за сега

Граѓаните и ова неизвесно лето едвај чекаат да заминат на одмор во омилените туристички дестинации, велат туристичките работници кои напоменуваат дека не може да се патува секаде. Единствени дестинации каде сега може да се оди се Албанија и Турција, за што има интерес, посебно за Кушадаси каде се патува со авион, зашто барем за сега само за овие земји нема карантин.

Ана Крстевска од Туристичка агенција „Савана“ од Скопје, за Алфа рече дека иако имале интерес за патување, сеуште работат со огромни загуби.

Од Агенциите велат дека побарувачката за летување во домашните капацитети биле зголемени, а најмногу се барале хотелите и апартманите во Охрид.

Интерес за летување има и за во Преспа и Дојран. Но главен проблем таму е што нема доволно сместувачки капацитети, рече за Алфа Елизабета Кочевска од Туристичка агенција „ЈК Травел“ од Битола. Додава дека иако во Преспа и Дојран е убаво, немало доволно сместувачки капацитети.

Поради кризата туристичките агенции веќе 5-ти месец работат без приходи, поради што повторно поднеле барање до надлежните за добивање на помош.

А она што е загрижувачки е дека само во мај годинава земјава ја посетиле 838 туристи што е за скоро 100% помалку во однос на истиот месец лани. Како што соопшти Државниот завод за статистика, реализирани биле вкупно 4.946 ноќевања што е 97,6% помалку.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста