МАКАМТРАНС бара итни мерки од Владата за транспортните компании

Итни мерки од државата бараат и транспортните работници. Велат дека мерките за олеснување на последиците од корона вирусот, кои ги воведоа европските земји, треба да ги следат и македонските власти.

Од „Макамтранс“ бараат враќање на ДДВ за сите транспортери, кои сеуште чекале да ги добијат парите назад; да се укинат, или одложат давачките кон државата; а банките, да ги одложат ратите за кредити.

Од асоцијацијата велат дека транспортот на стоки се одвива забавено и очекуваат годинава обемот на работа да им се намали за дури 40 отсто.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста