Мајки на продилно: Нема ни “п” од помош за пакетот мерки, Шахпаска ни посвети само фејсбук статус

Надежта за мајките кои користеа продолжено породилно падна во вода. Тие се надеваа за можно пролонгирање на мерката за 1 до 2 месеци но од тоа ништо. Министерката за труд и социјала Шахпаска не изнајде подобар начин како официјално да им ја соопшти одлуката па изгледа најбезболно беше на социјалните мрежи. Револтот е уште поголем кај родителите.

Ние сме револтирани што на самиот прес на владата не бевме воопшто спомнати.Ниту пак беше одговорено.Тоа беше така некако скриено во статус на фб на Шахпаска каде што таа кажува породилното не би било продолжено затоа што еден месец не би сменило ништо.Очигледно како главна на МТСП не и јасно колку треба едно дете да се адаптира во градинка и која документација е потребна.” – вели за Алфа Катерина Стојчевска Тодоровска – родител.

Незадоволството и револтот го насочија и за тоа што во новите антикризни мерки на владата за мајките кои останаа без работа или беа принудени да дадат отказ и да останат дома за да се грижат за децата не е издвоен ниту денар барем за следните неколку месеци.

“Не револтира тоа што во сетот нови антикризни мерки на владата децата буквално се ставени на последно место. За сите се најде некаков начин да се згрижат финансиски меѓутоа за мајките кој што ја изгубија работата што имаат деца мали не се најде решение.” – велиКатерина Стојчевска Тодоровска – родител.

Инаку, проблемот со градинките и натаму е сериозен.Освен што нема место за дечињата и условите во кои се приморани да го поминат дел од денот не се според протоколите.

Расте и бројот на воспитувачки кои се заболени со Ковид19. Најнов случај e заразената негувателка од битолската градинката „Коца Василева“ која однесе 13 деца во изолација.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста