МАЈК ТАЈСОН БЕШЕ ПОДОБАР ОД РОЈ ЏОНС, НО НЕ ПОБЕДИ НА КАМБЕКОТ ВО БОКСЕРСКИОТ РИНГ

Иако беше за две нијанси подобар и зададе двојно повеќе удари Мајк Тајсон не победи на камбекот во рингот по 15 години. Некогаш големиот шампион и носител на појасите во тешка категорија во Лос Анџелес имаше борба со Рој Џонс Јуниор која заврши нерешено. Тајсон делуваше извонредно за таква пауза и за 54 години, па не е исклучено во следниот период да биде организаран и друг ваков боксерски спектакл.