Мајами преку Бостон за историско НБА финале против Лејкерс

Мајами е вториот финалист во НБА лигата откако со 4-1 во победи го добија Бостон во завршната серија на Исток. Петатта меѓусебна пресметка кулминираше во последната чевтвртина, во која „Жешките“ постигнаа дури 37 поени. Адебајо ги засени останатите соиграчи со 32 поени и 14 скока, а за Бостон од помош не беа Браун со 26 и Тејтум со 24 коша. Мајами за шампионскиот прстен ќе игра против ЛА Лејкерс, а тоа значи, за прв пат во историјата на НБА ќе играат две екипи кои лани не стасале ниту до плејофот. Финалето почнува в четврток во 3 наутро, а евентуална мајсторка на 14 октомври.