МАЈАМИ ПОВЕДЕ СО 2-0 ПРОТИВ БОСТОН ВО ИСТОЧНОТО КОНФЕРЕНЦИСКО ФИНАЛЕ ВО НБА

Мајами одново го победи Бостон и поведе со 2-0 во финалето на источната конференција во НБА. 106-101 во вториот меч од оваа серија кој во многу беше налик на првиот во делот на возбудување и неизвесност. Селтикси брзо направија голема разлика, плус 17 уште првото полувреме, но Хит се вратија за седум разлика во пресрет на последната четвртина. Во финалните 12 минути неколку промени на водството, а клучни за триумфот на Мајами беа Батлер со неколку украдени топки, и Драгиќ со неколку тешки реализации. Словенецот беше најефикасен во мечот со 25 поени.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста