МАГИЈАТА ВО ДЕРБИТО НА ГРАДСКИТЕ РИВАЛИ ПОТВРДА ДЕКА КОШАРКА МОРА ДА СЕ ИГРА
Долго, преку шест месеци, очекувавме портокаловата да се затркала во нашите сали, но вредеше, а големото дерби на стартот може да послужи и како дополнителна промоција на домашната машка кошаркарска Супер лига. Отсуството на публика од дуелот на Работнички и МЗТ Скопје можеби одзеде дел од магијата по која мегданот на вечните е познат, но тука беше солидниот квалитет и драматичноста, за да надокнадат. Црвените славеа со 94-90 за да го оспорат, неспорно повисокиот квалитет на Аеродромци, но тоа е тркалото на скопските ривали, кое застанува кај тој што во моментот повеќе сака до победата, или му се погодило.
КАТЕГОРИИ Кошарка