MНР на Бугарија: Скопје да собере храброст и да ги исполни обврските

Стигна реакција и од Министерство за надворешни работи на Бугарија. „Изјавата на Ковачевски уште еднаш јасно го покажува вистинскиот однос на Скопје кон основните вредности на ЕУ и отфрлањето на правото да се реагира на постоечките недостатоци“, посочуваат од бугарското МНР. Ставот на македонскиот премиер дека ако земјава не продолжи по патот кон ЕУ, тоа ќе има негативно влијание врз Албанија, за нив бил загрижувачки. Ја повикаа македонската влада на политичка храброст, за исполнување на обврските преземени пред сите земји членки на ЕУ.

„За разлика од Македонија, Албанија целосно ги отвори пристапните преговори и брзината со која ќе напредува зависи исклучиво од нејзиниот напредок во реформскиот процес. Министерството за надворешни работи ги повикува властите во Скопје да покажат политичка храброст и да ги исполнат обврските“. Стои во соопштението.

За аналогијата која ја изнесе Ковачевски, на односите помеѓу Русија и Украина, со односите помеѓу Бугарија и Македонија, велат дека била цинична и недозволива.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста