Mицкоски по средбата со Kовачевски: Bлегов загрижен, излегов позагрижен

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски влезе загрижен, а по два часа излезе уште позагрижен од лидерската средба со Премиерот Димитар Ковачевски.  Мицкоски предупредува дека е многу тешко да се остварат сценаријата кои се пторебни за да немаме недостаток на енергенси, а тоа се е да бидат функционални трите блока во РЕК Битола , едниот блок во РЕК Осломеј и двете турбини во Неготино. 

 Со цел да се набават поевтини ресурси за ТЕЦ Неготино и ТЕ- ТО ,   Мицкоски  веднаш ќе ги пренесе контактите до Министерот за економија Крешник Бектеши, кој Премиерот го назначил за контакт.

Затоа што според нашите  параметри и податоци со кои располагаме, денеска работи само еден блок во РЕК Битола, тоа е блокот број 2, тој произведува од 152 до 170 мегавати електрична енергија, а не 200 или 210, затоа што не работат двете турбини во ТЕЦ Неготино, туку работи една која произведува 70 мегавати, а не двете 160, затоа што хидропотенцијалот не ние на 75-80% туку е на 29% од расположивиот и е загрижувачка судбината затоа што вие пред грејната сезона треба да влезете со потенцијал од 75-80%, затоа што една греда нема 350, 400, 450 илјади тони јаглен, има за десетина пати помалку и тоа е загрижувачки. Затоа што нема јасна претстава дали имаме гас или немаме гас, порача Мицкоски по средбата.

Вториот дел од предлогот на Мицскоски се измените на законот за енергетика со кој јавните и комуналните претпријатија би се ставиле на регулиран пазар. Планот на опозицијата вклучува и предлози да се зголеми домашното производство на електрична енергија за идната година, а тоа е да се изгради кракот на пругата од  Длапкин Дол – Осломеј, со што ќе се намалат транспортните трошоци и ќе  имаме поевтин убозен јаглен. 

За Премиерот Ковачевски, средбата поминала во духот на добра волја , не кажа што конкретно ќе прифати од ова што отворено на маса го стави Мицкоски, ама владиниот тим ќе анализирал. Ковачевски обвини дека најголемиот интерес за време на средбата било јавните и комунални претпријатија да одат на регулиран пазар зошто најголем дел од локалната власт била на ВМРО – ДПМНЕ.

Состанокот помина во добар дух, се разговараше во добар дух. Дополнителни анализи ќе бидат направени во делот на снабдување на електрична енергија на јавните комунални претпријатија тоа е основното барање на ВМРО- ДПМНЕ  бидејќи го имаат најголемиот дел градоначалници, рече Премиерот Ковачевски.

Состанокот помина во добар дух, се разговараше во добар дух. Дополнителни анализи ќе бидат направени во делот на снабдување на електрична енергија на јавните комунални претпријатија тоа е основното барање на ВМРО- ДПМНЕ  бидејќи го имаат најголемиот дел градоначалници

Премиерот не ја пропушти шансата и оваа прес – конференција да каже дека Владата правела се што може за Македонија да има се што и е потребно, ама повторно не слушнавме нови конкретни детали. Интензнивно се преговарало со соседите кои имале вишоци на електрична енергија за да ни продадат, ама не добивме конкретен одговор што ќе се случи доколку Владата не успее да потпише договор ниту со Србија, ниту со Бугарија ниту со Турција.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста