Mицкоски: Понудата на швајцарската фирма е двојно пониска од договорите за октомври на „ЕСМ“

Природен  гас  за парно имаме за уште помалку од 10-тина дена , а ЕСМ се уште прибира и разгледува понуди.  Според најавите од компанијата , понудите се очекува да бидат соопштени дури од вторник . Додека власта уверува дека бара гас по поевтина цена за топланите и за ТЕТО , од ВМРО – ДПМНЕ се децидни дека  фирмата која е предлог на лидерот на партијата Христијан Мицкоски , веќе доставила понуда, а цената е два пати поповолна од онаа по која Владата набавила гас за втората половина од октомври.

во текот на вчерашниот ден позицијата која што го понуди концептот за снабдување на гас, да обезбеди  гас достави понуда во АД ЕСМ поранешно АД ЕЛЕМ, јас ја имам таа понуда, знам која е и цената, знам која се условите, знам се и можам да кажам дека е многу, многу поповолна од таа која што беше купена од страна на владата за втората половина од месец октомври. Компанијата која што требаше да обезбеди ресурс како што е мазутот, ќе достави понуда во понеделник, отприлика цената ја знам и таа цена ќе се движи под берзанската цена натоварена со сите даноци, давачки, акцизи и сето останато на едно пристаниште кај нашиот јужен сосед, порача лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Додека се уште не се знае како ќе продолжи греењето од ноември, грејната сезона започна со нови главоболки. Склучувањето на новите договори оди бавно, заклучно со вчера биле потпишани само 3800 договори од вкупно 60.000 домаќинства кои се на централно парно греење. ЕСМ сега пак ќе ја олесни процедурата и  од денеска ќе може договорите да се преземат онлајн.  Од стартот на грејната сезона, имаше и реакции за  дневни прекини на парно греење и неиспорака на топлинска енергија, од ЕСМ велат испораката се одвивала по строго утврдени правила, а 26 станбени објекти се без парно.

-Овој период, до 15 ноември, кога надворешните температури, а сообено атмосферските услови, ветер, облаци, сонце или дожд многу се менуваат во текот на денот, дневен прекин се прави во период кога надворешната температура при сончево и ведро време ќе достигне 11 степени. Тогаш започнува прекинот на производство на топлинска енергија. Потрошувачите се уште добиваат топлинска енергија, онаа која веќе од топланите е испорачана во мрежа, која им ја овомзожуваме со уште најамлку 1 час циркулација на пумпите. Ако времето е врнежливо или има облаци, таа граница е 14 степени, истакна Александра Маројевиќ – Помошник директор за топлинска енергија во АД ЕСМ.

Инаку, за да функционираат нормално топланите и ТЕТО од први ноември за наредните шест месеци потребни се околу 225 милиони нормални кубни метри природен гас. Доколку не се склучи договор по поволна цена, од ЕСМ најавија дека се подготвуваат топланите да работат на дизел .

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста