Mицкоски на средба со Вал: за ВМРО-ДПМНЕ се прифатливи препораките од ОБСЕ/ОДИХР

А лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Килиан Вал, на која разговарале за актуелната политичка и економска состојба и за актуелните измени за Изборниот законик.

„Од страна на Мицкоски беше потенцирано дека состојбата во државата секојдневно станува полоша, поради високиот степен на криминал и корупција од страна на владата на ДУИ поддржана од СДСМ и поради катастрофалната состојба во економија и осиромашување на граѓаните“, информираат од партијата.

Воедно, во однос на измените во Изборниот законик, Мицкоски го истакнал ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека за партијата е се прифатливи техничките препораки и заложби од страна на ОБСЕ/ОДИХР по однос на спроведување на фер и демократски избори, но потенцирал и дека владата мора прво да се усогласи кој изборен модел им одговара а потоа да се разговара за измените.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста