Mакедонија потоната во коруција во друштво на Eтиопија и Kолумбија

Македонија е на листа на најкорупмирани земји во друштво со Колумбија и Етиопија, предупреди холандскиот амбасадор Јан Коп. Според него државата е далеку од просекот на ЕУ, а корупцијата е навлезена длабоко во сите сфери на општеството. Според Коп, ваквата ситуација е бидејќи нема применливост на законите, а политичарите ги ставаат личните интереси пред интересите на граѓаните.

Во група е со земји како Етиопија, Колумбија. Ова не е една од групите каде што сакате да припаѓате. Навистина е далеку од просекот на ЕУ. Ова е бидејќи дека покрај фактот што имаме веќе правна и законодавна рамка применливоста недостига бидејќи нема политичка волја. Во земја со 2 милиони жители потребните реформи можеа да бидат завршени пред многу години, па тогаш зошто кога сите главни политички чинители велат дека нивна цел е да станеме земја членка на ЕУ не се обединат да да го решат ова прашање. Одговоророт е длабоко вкоренетите лични интереси и корупција, вели Амбасадорот на Кралството Холандија Дирк Јан Коп.

Корупцијата ја има поддеднакво во сите општини, а најмногу  во секторите со  јавни набавки, инспекциските служби, изнајмувањето и располагање со имотот на единиците на општините и дури и во училиштата, покажаа резултатите од проектот „Заштита од корупција“’.  Најголем фактор за корупција останува политичкото влијание во сите општествени свери.

Загрижува податокот  од антикорупциската комисија од каде констѕатираат дека нституциите реализирале само 20 проценти од активностите за справување со корупција. Клучниот проблем се јавните набавки за што е потребно унапредување на системот со воведување на ставка за инспекциски надзори, но и независна внатрешна ревизија.

Процентот на реализација на активностите е многу мал и недоволен. Како резултат на политичките влијанија има изразено неповолни состојби во областа на вработувањето, во поставување раководни структури. Во склучување договори за концесии, во доделување лиценци , доделување на ваучери за спортски клубови итн, вели претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Дека Законот за јавни набавки треба да биде ревидиран посочија и од ЗЕЛС. Како што велат, промените не треба да започнат од локалната, туку од централната власт.  Инаку, во проектот во наредните  три години ќе бидат вклучени осум општини. Во Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип ќе се мониторираат не само општините туку и секторите каде е најголема корупцијата, а ќе се следи и реализацијата на националната стратегија за борба против корупцијата на ДКСК.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста