Mорбилите се шират, грипот не мирува

Заразните мали сипаници сè уште се шират. Здравствената состојба на четворица, од кои две деца, што се лекуваат на Инфективната клиника е алармантна, а само минатата недела регистрирани се над 100 случаи со морбили.

-Од морбили на Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби се лекуваат 31 пациент, од нив 15 се деца. Со тешка клиничка слика се две деца, но и двајца возрасни, велат за Алфа од Инфективната клиника.

Епидемиолозите стравуваат дека ситуацијата со малите сипаници во наредниот период нема да стивне, па бројот на заболени и понатаму ќе расте.

Освен во главниот град епидемија е прогласена во Тетово, Куманово и Гевгелија, а случаи на мали сипаници се регистрирани во 19 градови во земјава. Засега, здравствените власти се уште размислуваат дали е неоходно да се прогласи епидемија на ниво на држава.

Покрај морбилите, не мирува ниту заразниот паднемскиот грип – H1N1. На апарати за дишење поради компликации од грип на Инфективна клиника се двајва повозрасни пациенти. Епидемиолоците велат дека особено од новите т.н. мутации на грипот граѓаните на време треба да се заштитат со вакцина.

Досега како последица од морбили починаа три дечиња, а компликациите од грип доведоа до смрт кај 22 -ца пациенти.

Сања Трајковска Ставров