Mицкоски: Предвремени избори и нови луѓе за сузбивање на корупцијата во Македонија

Владата која е на власт пет години и паријата која е дел од таа Влада повеќе од 20 години се причината за криминалот и корупцијата во Македонија – Претседателот на Вмро – Дпмне Христијан Мицкоски решението за сузбивање на корупцијата го гледа во предвремени парламентарни избори за да се постават нови луѓе на надлежните институции за борба против криминалот и корупцијата .

Доволно е само Царината и МВР да извадат листа на функционери кои се  сопственици на возила кои чинат над 50 илјади евра, а УЈП да провери од каде им се тие пари, за да се покаже каде цвета корупцијата. Спроед Мицкоски нема потреба од нови закони, туку само да почнат да функционираат институциите.

„Со овие луѓе во овие институции не само што нема надеж, туку корупцијата и криминалот може само да се продлабочуваат.. Не треба повеќе да одиме, доволно е само ова да го направат и ќе дојдеме до тоа каде корупција имаме, каде имаме криминал, кои се сопствениците, како се стекнале со тој имот, многу едноставно , не треба многу длабински да навлегуваме па да даваме изјава во насока на поддршка на борбата против криминалот и корупцијата па тимови специјални.

Владините функционери за критичната состојба со високиот степен на корупција се освестија откако прстот во Македонија го впери меѓународниот фактор.  Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој за прв пат на чело на МВР застана во 2015, сега ги става сите капацитети на полицијата на располагање за сузбивање на корупцијата.  Спасовски вели борбата немало да е лесна, ама тоа им го должеле на граѓаните .

Ние како МВР апсолутно стоиме на рапсолагање во секој поглед да ги поддржиме сите овие активности. Тоа практично е приоритет и на Владата и тој приоритет мора до крај да биде реалзиран и во секоја пора од македнското општество да се навлезе, да се реализира и секој еден што навистина се занимава со криминал од било каков тип да сноси сериозна одговорност, изјави министерот Спасовски 

Владата вчера организираше и состанок со амбасадорите на европските земји на кој беше презентиран Извештајот од Европската комисија за напредокот на Македонија, кој повторно нотира дека земјата тоне во корупција. Евроамбасадорот Дејвид Гир беше дециден, дека или Македонија ќе одбере да се бори со корупцијата која како вода тече низ сите институции или ќе дозволи да се всели уште повеќе, што е недозволиво за критериумите на Европската унија.

По децидните пораки и од Европската Унија, од САД, а вчера и од Британија дека корупцијата е навлезена во сите пори, Властите на секој чекор даваат изјави дека мора да се поктрене борбата против селективната правда и функционалноста на институциите.

Во понеделник во Скопје  пристигнува заменик помошникот државен сектретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар кој се очекува со себе да ја понесе листата на корупмирани проанешни и сегашни функционери. За сега нема нформации кој се наоѓа на таа листа и што открил тимот за санкции од Вашингтон.

Кристина Алексиеска

Advertisements