Mицкоски: Диктат и ултиматум со кој ја губиме Македонија, да излеземе на сенароден протест

Францускиот предлог е диктат за мегаломански барања и историски аспирации кон Македонија, порача лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Додека Ковачевски уверува дека предлогот е далеку поповолен за нас, од ВМРО – ДПМНЕ   обелоденуваат дека предлогот ги содржи сите бугарски барања. Вклучително во учебниците да се вметне дека македонските револуционери биле бугари, а доколку не ја прифатиме променетата македонска историја ќе бидеме подложни на вето. Според ВМРО- ДПМНЕ ова не е никаков модифициран предлог, туку е истиот оној за кој беше кажано НЕ во Брисел.

Прифаќањето на ваквиот предлог подразбира целосно право на Бугарија да менува учебници и да ги пишува согласно бугарскиот диктат, а нашите деца во основното образование да учат според бугарскиот диктат или нема европска иднина. Прифаќање дека Гоце Делчев, дека Даме Груев, дека Јане Сандански и останати херои и револуционери биле Бугари, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Мицкоски на пред- конференција ги истакна двата за власта различни предлози во кои всушност има направено лингвистичка инверзија. Во првиот документ или она што би требало да се нарекува прва меѓувладина конференција стои дека во преговарачката рамка и двете страни треба да дадат унилатерални изјави кои ќе кажат како го подразбвираат македонскиот јазик.  Според она што го истакна Мицкоски Членот 12 од договорот за добрососедство ќе биде практично одлучувачки дел , што значи или ќе прифатиме смена на историјата и ќе влеземе во ЕУ, или засекогаш ќе бидеме пред портите на унијата.

Појаснувам протоколот е заменет со годишни прегледи и мерки и мерки. Што значи мерки, ако немате во учебниците променето дека Илинденското востание, македонско заменето со бугарско Преображенско тогаш не сте презеле мерки и вие не може да напредувате и ќе бидете подложни на вето, рече Мицкоски.

ВМРО- ДПМНЕ се децидни во својот став, велат нема да се прифати овој предлог и повикуваат дека е време на обединување.  Утре опозицијата ги  повика сите граѓани кои не се согласуваат со францускиот предлог  на голем сенароден протест пред платото на Владата во 19:00 часот.

Кристина Алексиеска

Поврзани вести