Mицкоски: Граѓаните едвај преживуваат, а послушниците на власта од аферата „паразити“ книжат илјадници евра месечно

Додека граѓаните врзуваат крај со крај за да преживеат, слепи послушници и главоклимачи на власта од аферата “Паразит“ книжат илјадници евра месечно, рече лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски . Според него потребно е да се направи сериозна чистка помеѓу овие луѓе и нивелирање на прамињата во услови на криза. Мицкоски од Зрновци го праша Премиерот, што чувствува додека го гледа народот како се превиткува за да преживе.


“И кога зборува Ковачевски дека чувствува како со нож да го боделе кога ја предаваше Македонија и македонскиот идентитет, не знам какво му е сега чувството кога гледа како граѓаните , едвај крај со крај врзуваат, а неговите околу него се богатат на грбот на тие граѓани. Дaли сега има мачнина и тежина во стомакот и дали сега го бодат со нож, или тоа е само кога ја предава Македонија“-праша Мицковски, при денешната посета на Зрновци.
Според Мицкоски власта ја користи инфлацијата за да собере повеќе пари од граѓаните и стопанството, за да троши на договори во четрири очи. Тој потенцираше дека инфлацијата не е увезена бидејќи во Македонија е два пати поголема од Европа. Што се однесува за наредната година , Мицкоски очекува дека во одредени месеци повторно би била двоцифрена.
“Со Буџетот предложен за следната година се предвидува инфлација од 7,7% и раст на економијата од 2,9% на БДП. И на основа на овие два параметри тие ја темелат претпоставката дека ќе соберат повеќе од 400 милиони евра во Буџетот. Замислете, значи Владата ја користи инфлацијата за да собере пари од граѓаните и стопанството за да троши. Јас не знам друга Влада во светот која на ваков начин планира буџет“- појасни Мицкоски.
Што се однесува до бугарските клубови во Македонија, Мицкоски останува на ставот дека не треба да ги има бидејќи се чиста провокација. Според него , вакви клубови може да се отвараат, но откако нашите Македонци во Бугарија ќе може да се организираат и отвараат клубови, но и кога Бугарија ќе ги примени дел од пресудите на Судот за човекови права во Стразбург.

Александра Ристеска

Advertisements

Поврзани вести