Mицкоски бара избори, ДУИ уверува дека односите во партијата се стабилни – Груби не бил казнет туку награден

Потребни се промени во владата, а не во партиите, само тогаш Македонија ќе тргне напред. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по вчерашниот состанок на централното претседателство на ДУИ и превирањата и поделбите во партијата, кои навидум  стивнаа со новите промени, смета дека не се потребни ситни интервенции во партиските раководства туку предвремени парламентарни избори. Според него, до сега заеднички именител на ДУИ и СДСМ е лажењето, крадењето и лошите политики, и се надева дека партијата после овие промени, ќе почне да работи во интерес на граѓаните.

Она што е заеднички именител за спомнатите две владејачки партии во овој момент се лажењето, крадењето и лошите политики и дека на Македонија ѝ е неопходна нова влада. Се надевам дека овие случувања таму тие ќе излезат поспремни и поамбициозни да работат навистина за граѓаните на Македонија без разлика дали тие граѓани се од опозицијата или власта, или без разлика дали се партиски определени или не, дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и останати, важно е во овие тешки времиња на граѓаните да им понудиме решенија за напластените проблемите, а такви ги има многу, рече Мицкоски.

Портпаролот на ДУИ Бујар Османи вели дека односите во ДУИ сега биле добри , а по централниот одбор, ќе се почувствувала новата енергија во партијата.Но, случувањата на Централниот одбор фрлија уште еден сомнеж, дека функционерите на интегративците не секогаш ги почитуваат Уставот и законите. Па така, во јавноста се појави дилема, зошто претседателот на Собранието присуствуаше на овој состанок кога според член 67 од Уставот, забрането е претседател на Собранието да има друга јавна функција, професија или функција во политичка партија. Бујар Османи, го правда Џафери – седел во последните редови.

Претседателот на Собранието, Џафери многу внимава баш на овој аспект. Вчера не беше седнат каде што му е местото, туку намерно, сакаше да покаже респект кон фунцијата, како прв меѓу еднаквите во Парламентот – одговори Бујар Османи.

Ниту Груби очигледно не ги почитува правилата и законите, па така, на состанокот во Мала Речица се појави со службено возило, кое е платено со партие на граѓаните. Од видеото се гледа дека Груби дошол и заминува со службено владино возило кое не смее да го користи за приватни или партиски цели. По ова, вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска само најави дека ќе барала објаснување од нејзиниот колега, зошто на партиски состанок пристигнал со службено возило.

Адријана Алексиеска

Advertisements

Поврзани вести