Mинистерот за образование не чувствува одговорност што шестооделенците ќе добијат книги на крај на септември
Шестоодделениците и дел од учениците во трето одделение, нема да ги добијат сите учебници, на почетокот на школската година. И додека во пристојна (полунормална) држава, министерот за образование барем би се извинил, првиот човек на македонското образование – Јетон Шакири, вината ја наоѓа секаде, само не кај себе. Овој пат, печатниците му се криви, затоа што не почнале навреме со работа.

Печатниците а не министерството за образование биле виновни што и оваа година учениците од трето и шесто одделение нема на време да добијат учебници. Министерот за образование Јетон Шаќири повторно се иззема од оговорност и си најде други виновници. Печатниците не почнале навреме со печатење па сега ветува дека потребните учебници ќе бидат готови кон крајот на септември.
- Јас како министер целата постапка ја имав завршено на крајот на јули. Не учествувам како министер, или како директор на училиште, во ниту една постапка во Националната комисија, во педагошката служба, во мислењата на рецензентите, во мислењата на другите. Не можам да имам одговорност во постапките кои не зависат од министерот – рече Шаќири.

- Истото тоа ќе се случи и за учебниците во шесто одделение зошто се во напредна фаза на одобрување од Националната комисија, а после тоа имаме жалбена постапка. Затоа јас кажувам дека до крајот на септември ќе бидат доставени до сите ученици.
Инаку, децата кои нема да добијат учебници ќе учат од помошни материјали во електронска форма, па така родители стравуваат дека и годинава ќе мора да ги копираат заменските „учебници“.
Колку за потсетување, и лани учениците не ги добија сите учебници, а за некои предмети немаа книги до крајот на учебната година. За привремени „учебници“ лани државата потроши над 640.000 евра, пари позајмени од светска банка. Според законот, учениците треба да добијат бесплатни книги за основно и за средно образование.

Во однос на спојувањето предмети, министерот тврди дека нема да биде загрозен фондот на часови на наставниците.
- Се однесува само за една учебна година, само за шесто одделение, само за реализација на тоа во овој дел на учебната година. Бирото изготви, според нашите насоки и протестите, јас побарав да се изготви техничко решение. Фондот, годишен фонд на часови на наставниците по географија, заради тоа што во годишниот фонд не влегуваат само шестоодделенците, туку и седмо, осмо, деветто одделение. И другите години кадешто има предмет географија, е ист со претходните години, што значи дека нема да има проблем со фонд на часови – рече Шаќири.
Министерот нема коментар како ова ќе се одрази на учениците кои едно пологудие ќе учат историја, па потоа по истиот предмет ќе продолжат со географија и ќе завршат со граѓанско опшество.

- „Оваа реформа е под прашалник, прв пат нешто вакаво се спроведува. Мислам дека и тие што го замислиле не им е доволно јасно. Целата таа програма да се реалзира во едно полугодие е неизводливо, на учениците ќе им дадеме премногу информации, премногу кратко време, а преобемен материјал е даден за тоа кратко време,“ вели професорката по историја Ленче Манева.
Новите модули за шесто одделение предвидуваат наставниците по историја, освен историја да предаваат и родова еднаквост, верска етика, фотографија, како и ред други изборни предмети.
Борис Грујоски