Љутков затекнал хаос во сите институции од културата, Универзална сала била преземена на незаконски начин
Долгови за неисплатени плати, опустошени и неосигурани институции со раководства без стратегија, проекти без утврдени приоритети и динамика за реализација, скратени средства за програмски активности, инвестиции сведени на минимум. Хаос во сите институции од културата затекнал минстерот Зоран Љутков. Во отчетот за сработеното во изминатите 100 дена Љутков кажа дека предходната министрка работела и незаконски, а како пример ја наведе Универзална сала.
Објектот е превземен од Град Скопје на незаконски начин со бројни прекршувања на законските прописи во постапката и во постапките на спроведување на јавните набавки. Министерот вети дека Скопје ќе има Универзална сала која ќе биде готова до 2028 година, но дека таа ќе биде изградена на законски и легален начин.
Љутков најави нови проекти и иницијативи кои ќе ја унапредат културната понуда. Во моментов се гледаат приоритетите. Објектите кои биле започнати во 2011 – 2012 година, по промената на власта од 2017 сите се стопирани и на ниту еден објект не е продолжелно да се работи, а не пак да се заврши. Во наредните години ќе се заврши со градба на тие објекти, а нов ќе има и за Драмскиот театар и тоа за две години.
Министерот Љутков за следната година најави реализација на повеќе значајни проекти, меѓу кои и ревитализација на скопското Кале, за што е формирана комисија, а обезбедени се и пари од Управата за заштита на културно наследство.
Давид Крстевски