Љутков: Потребно е да се направи сосема поинаква категоризација и валоризација на трудот на било кој уметник

„Јас како актер и сум претседател на Комисија за култура при ВМРО-ДПМНЕ. Работам со тимот на Комисијата на да речеме на програмските активности за идна Влада како би требало да функционира еден систем кој што сега моментално не функционира“, појасни Зоран Љутков, претседател на Комисија за култура при ВМРО-ДПМНЕ на утринска емисија на ТВ Алфа.

Љутков додаде дека во програмата многу јасно имаат потенцирано дека е редно време да се квалификува трудот на уметниците.

„Треба да се направи сосема поинаква категоризација и валоризација на трудот на било кој уметник. Не само на нас актерите, мислам на сите уметници во сите дејности. Затоа што видете ние дојдовме до некакви идентични примања и до идентични права, а не сме сепак исти. И можеби оваа пандемија сега ни го покажа всушност точниот правец дека не сме сите исти, дека некои се барани, некои не се барани, дека некои се една категорија, други се друга категорија. И можеби сега е време и начин да се размислува на една таква тема“, појасни Љутков.

Љутков посочи дека се надева дека многу од уметниците го имаат прочитано законот ќе увидат дека законот е штетен и треба да се реагира веднаш.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста