Луксузна куќа пред мостот во Нежилово им го отсече патот на мештаните до другата страна на Бабуна

Мештаните од велешкото село Нежилово останаа  без единствениот селски пат кој го имаа за поминување на р.Бабуна за да стигнат до своите имоти. Мостот преку Бабуна е узурпиран од луксузна куќа, преку чиј двор мештаните мора да поминат за да го пројдат мостот. Често пати сопственикот на куќата им заклучува врата и остануваат пресечени, па не можат да поминат од другата страна на реката за да си ги вршат секојдневните работи. 

“Во 21 век повеќе од 60-тина фамилии од с. Нежилово се приморани на ваков начин да ја преминат реката Бабуна за да дојдат до своите сопствени имоти”

Мештаните велат дека патот и коритото на Бабуна биле во сопственост на државата, но сопственикот на имотот местото го добил преку размена на негово земјиште со државно.Тие се сомневаат дека мостот е узурпиран на нелегален начин.

Алфа беше спречена да го снима местото каде што бил патот, сегашниот сопственик на тој имотот ни забрани да снимаме ниту пак сакаше да зборува пред нашата камера.Откако ние пристигнавме беше видно растревожен и упати низа закани до нашата екипа но и до жителите.

Градоначланикот на о. Чашка го знае целосно случајот, ама вели  не знаел на каков начин е извршена размената на земјиште. Рече дека општината не била надлежна за да се реши проблемот, односно се било во рацете на велешкото правобранителство.

Проблемот со патот во Нежилово постои од 2017. Мештаните барале помош од сите институции но решение досега не добиле.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста