Луксузна канцеларија на атрактивна локација – Алфа во фирмата на Душко Заев

Атрактивна локација во центарот на Струмица. Овде се наоѓа седиштето на компанијата Тотал Енерџи ДООЕЛ. Канцеларијата е целосно уредена и веќе има и вработени, а компанијата постои само една недела.

  „Во срцето на Струмица, на Струмичкиот сокак се наоѓа луксузната канцеларија на младиот бизнисмен, осумнаесетгодишниот Душко Заев„.

Откако ја најдовме точната локација на која се наоѓат канцелариите на компанијата, Алфа проба да стапи во контакт со младиот бизнисмен.  Вратата ни ја отвори обезбедувањето.

Новинар:Добар ден, јас сум Александра Ристевска.Дали може да поразговараме со сопственикот на компанијата?

Обезбедување:Имате закажано?

Нoвинар:Не!Немам контакт.

Обезбедување:Ве молам почекајте!

За кратко вратата се отвори и екипата на Алфа влезе внатре. Покрај атрактивната локација, канцеларијата е уредна со луксузен ентериер. Вработената ни побара контакт, но до овие вести младиот сопственик не не исконтактира. Сакавме да прашаме за плановите на компанијата. Колку струја ќе се произведува и дали веќе имат коминтенти на кои ќе ја продават? Дали и каде се поставени фотоволаиците?

Дека деновиве Струмица е актуелна поради тоа што го има и најмладиот бизнисмен, поразговаравме со струмичани. Дел од нив немаа коментар по ова прашање, но други претпоставуваат дека бизнисот ќе го води поранешниот премиер.

Многу е млад за таков бизнис. Најверојатно татко му ќе го тера бизнисот. На таа возрст мојте деца одеа на училиште. Како е можел Гоце Делчев и војводи на ВМРО на тие години да водат организации, да водат чети ? Зошто да не може? Зависи како е воспитуван.Види, не може детето на некој земјоделец или сиромашен човек да биде бизнисмен на 18години. Тие што се бават со големите политики и бизниси, нивните деца на млади години стануваат бизнисмени„- велат анкетираните струмичани.

Податоците од Централниот регистар покажуваат дека фирмата била регистрирана на 25 февруари. Како сопственик е наведен Душко Заев, синот на поранешниот премиер кој неодмна стана полнолетен.

Друштвото со ограничена одговорност е заведено како микро претпријатие чија примарна дејност е производството на електрична енергија.

Заеви поседуваат бизниси во повеќе дејности, но ова е прв пат да бидат поврзани со производство на електрична енергија. Производство на струја од сонце стана доходовен бизнис во државата. Само во првите десет месеци од минатата година Регулаторната комисија за енергетика има издадено 37лиценци за производство на електрична енергија од фотонапонски елентроцентрали.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста