ЛУИС ХАМИЛТОН Е ПОЗИТИВЕН НА КОРОНА И ГО ПРОПУШТА ФИНИШОТ НА Ф-1 СЕЗОНАТА

Само два дена по триумфот во трката во Бахреин Луис Хамилтон закачил корона и за него нема да има втор настап на патеката Шакир, а веројатно ќе ја пропушти и последната трка во сезоната која е закажана за 13 декември во Абу Даби. Британецот бил позитивен на редовно тестирање на сите од Светското првенство во Ф-1, а тоа нема да ја оспори новата титула, зошто таа е веќе обезбедена, но ќе го спречи да дојде до рекордни 13 победи во една сезона.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста