Луѓе од власта со напади кон Рашела Мизрахи бидејќи е Еврејка

Симпатизерите на владејачката СДСМ ја нападнаа техничката министерка за труд и социјала, Рашела Мизрахи, споменувајќи дека е Еврејка. Иако постојано се ветува едно општество за сите,  Мизрахи стана цел на јавен линч од поддржувачите на власта, само поради својата етничка припадност. Видана Бошкова Мицевска, која важи за голем поддржувач на СДСМ, без никаква причина ја анализира етничката припадност на Mизрахи односно прави етничко профилирање што е забрането во политичкaта комуникација во цивилизираните земји.

-Рашела Мизрахи седи да ти кажам две три ствари. Прво, никој појма нема која си, што е жално. Второ, имаш многу дипломи за броење, што е добро. Трето, овој месец за било која одлука ти треба потпис од заменик министерката. За било која. Четврто, по еден месец ќе немаш право на никаква одлука. И ова не е затоа што не те сакаат душо. Такви се правилата. Јас знам, брука е што ти појма немаш. Како и да е. Тоа што на сите овие дипломи си влегла во нереформирана фашистичко криминална партија да тераш магарето како ништо да не се случило, малку ми е жал за тебе. Еврејка, Израел, набавка на машини за прислушкување…. Жолти комбиња, вмровски знамиња чкссссссс, пишува Бошкова Мицевска на Фејсбук.

Статусот на Бошкова Мицевска предизвика бура реакции на социјалните мрежи поради изразениот антисемитизам што во Западна Европа е кривично дело. Алфа ја праша дали не смета дека со својот статус ги навредува Евреите, но одговор се уште не добивме. Таа сепак на социјалните мрежи упати нов говор на омраза и навреди кон оние кои го критикуваа она што го пишала.

-Се потресле за министерката. Простаци. Простаклукот што го носите во DNKто ве има оштетено до петто поколение. Можете да се отселите и во Сибир, пишува Бошкова Мицевска.

Но, имаше и такви кои лајкуваа, меѓу нив и советникот за медиуми во Владата, Зоран Бојаровски. Алфа постави прашање дали од Илинденска го поддржуваат ваквиот негов потег, но одговор се уште не добивме.

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски смета дека власта фразата едно општество ја претвора прогон кон неистомислениците. Од ВМРО-ДПМНЕ бараат власта да се извини за ширењето говор на омраза, а на Заев му порачаа да си ги разреши своите советници.

-Ваквиот говор на омраза на социјалните мрежи му се допаѓа на советникот на Заев, Зоран Бојаровски, кој платен од народни пари поддржува антисемитизам и ширење на омраза помеѓу граѓаните. Говорот на омраза кој го шири СДСМ во стилот на нацистите од минатиот век мора веднаш да престане. Нацизмот е поразен од Сојузниците, работа во која допринес и жртва дадоа македонските партизани, но очигледно неговите корени останале во одредени структури во СДСМ, изјави Жаклина Пешевска.

Од СДСМ пак без коментар за ширењето говор на омраза од нивните поддржувачи и функционери. Тие свикаа прес за Мизрахи, но само да кажат дека не била спремна за да биде технички министер, откако вчера проблеми во министерството за труд и социјала.

-Техничката министерка за труд и социјална политика после 2 дена работа покажа некомпетентност и демонстрира дека не го знае новиот Закон за социјална заштита.Таа не знае дека надлежноста за издавање на наодот и мислењето за потребата за помош и нега од друго лице, врз основа на кое се остварува паричниот надоместок, е пренесена на 15 стручни комисии при јавните здравствени установи низ цела држава а се формирани од страна на Министерството за здравство, изјави Милан Живковиќ.

И функционерката на СДСМ Мерсиха Смаиловиќ испрати порака кон Мизрахи која содржи елементи на говор на омраза. Таа и порача на Рашела Мизрахи да си стави давидова ѕвезда.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста