Луѓето во врвот на власта, а не обичните службеници најодговорни за високо ниво на корупција во Македонија

Врвот на власта и нејзините високи функционери имаат најголема одговорност за тоа што земјава се дави во корупција, а не обичните шалтерски работници како што тврди премиерот Заев. Владата треба да бие загрижена и со сериозност да ги разгледа прекорувањата на Стејт Департментот за корупција и непотизам, а не да се правда, сметаат експертите.

Јас мислам дека веројатно политичката елита, односно баш врвот има најголема одговорност и за тоа колку е корумпирана и за тоа како го решава другиот проблем на корупција кој е во некои подолни ешалони, со оглед на тоа што не се откажува од партизацијата. Ако вие немате компетентност и професионалност во управата, во судството, ако ги полните со партиски кадри, или со партиски влијанија, нема да постои овој систем на западна демократија кој се базара на поделба на власта-вели Гордан Калајџиев – универзитетски професор.

За изјавата на премиерот каде прстот за лошата оценка на извештајот, Заев го впери во администрацијата, а не го побара проблемот во самата власт, реагираат и политичките партии. Дали Драги Рашковски, Катица Јанева се трет ешалон на власт, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ваква недоветност и вакво лажење од страна на премиер до сега не е видено никаде. Замислете, Драги Рашковски кој му беше секретар на Влада, обвинет за висока корупција и криминал, Заев да вели дека не е прв ешалон. Венко Филипче, министер кој бркаше провизии на вакцини, кој заработи во време на пандемија, кој мести тендери секојдневно на клиника, Заев да вели дека не е прв ешалон. Криминалот во МВР каде што директно е одговорен Оливер Спасовски, којшто дели лични карти и пасоши и сè останато на криминалци и наркобосови, Зоран Заев да вели дека и овој човек не е прв ешалон. Катица Јанева во СЈО чиј цел тим беше од блиски луѓе и од блиска средина на СДСМ која рекетираше бизнисмени и јавно се зборуваше дека парите и ташната завршиле кај семејството Заеви, повторно Зоран Заев да вели дека овие луѓе не се прв ешалон. Не може за нивниот криминал да им се виновни шалтерски службеници кои само издаваат документи – смета Арсовски.

Од партијата на Села бараат Заев да ја повлече вчерашната изјава каде вината ја префрла на админситративците и да им се извини.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста