„ЛУФТХАНЗА“ ОТПУШТА 29.000 ВРАБОТЕНИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

Компанијата Луфтханза ќе отпушти 20 000 вработени кои работат надвор од Германија, ќе ја продаде и својата кетеринг единица , која вработува 7.500 работници поради пандемијата на коронавирус.Како резултат на овие отпуштања бројот на вработени во „Луфтханза“ ширум светот ќе се намали на 109 000 лица. Следната година ќе бидат намалени дополнителни 10.000 работни места во Германија. Компанијата веќе потроши три милијарди евра од деветте милијарди евра државна помош што ги доби на почетокот на годината. Компанијата претходно на синдикатите им вети дека нмае да дава присилни откази во замена за кратења на бонусите и другите исплати.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста