ЛШ: Силекс против Карабах во првото квалификациско коло

Фудбалерите на Силекс попладнево во Баку ќе се обидат да го изненадат тамошниот шампион Карабах во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите. За избраниците на Горан Симев ова е далеку потежок испит за разлика од двете воведни рунди во ПМФЛ, кога со убедливи 6-0 ја добија Белациса, а потоа ремизираа со Пелистер 2-2. Простор за калкулации и математики нема, се игра само еден меч според новиот формат на УЕФА предизвикан од Коронавирусот. Победа ќе значи втора квалификациска рунда и пресметка против подобриот од дуелот меѓу Шериф Тираспол и Фола Еш. Мечот Карабах-Силекс на стадионот во Баку почнува од 18 часот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста