ЛШ: Сензација на Тирана во Тблиси, Тошевски и Најдовски во второто коло против Црвена Ѕвезда

Кристијан Тошевски и Филип Најдовски дебитираа со победа за албанскиот првак Тирана и тоа во Тбилиси против грузијски Динамо со 2-0. Триумф вреден втора квалификациска рунда во Лигата на шампионите. Поранешните дефанзивци на Вардар одиграа цел натпревар, и имаа значајен придонес за сензационалниот успех на Тирана, кој им донесе привилегија домашен терен во второто коло против српскиот првак, Црвена Ѕвезда. Во наредната рунда е и Сарајево на нашиот Крсте Велковски. Сарајево со 2-0 славеше кај велшки Конакс, а македонскиот напаѓач ги одигра последните 20 минути на местото на двократниот стрелец Татар. Нареден предизвик за Велковски и Сарајево е Динамо Брест.