ЛШ: Пет екипи уште вечерва може да го заверат пласманот во ТОП 16

Вечерва се играат првите осум натпревари од четвртото коло во фудбалската Лига на шампионите, во кои пет екипи може да го заверат пласманот во нокаут фазата. Во „Е“ групата, Баерн Минхен со победа или реми против Бенфика е сигурен осминафиналист, а пред тешка мисија во оваа конкуренција е Барселона која вечерва се среќава Динамо Киев. Во составот „Ф“, Манчестер Јунајтед само со три бода на гостувањето кај Аталанта е во ТОП16 уште вечерва, а на добар пат е и Вилјареал, кој за противник ги има Јанг Бојс. Во конкуренцијата „Г“, Салзбург може да се промовира во осминафиналист доколку слави кај Волфсбруг, а Севиља ја продолжува битката на свој терен со Лил. Во последната група „Х“, Јувентус со три или бод против Зенит ќе слави прогрес на две кола до крајот, а може и Челси но само со победа вечерва на гостувањето кај Малме.    

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста