ЛШ: Барселона за првпат по 20 години без прогрес во елиминациите

Првпат после 20 години, Барселона нема да игра во елиминациите од фудбалската Лига на шампионите. Кризата и немоќноста сезонава ја потврдија со уште еден пораз од Баерн во Минхен со 3-0 во завршното коло од групната фаза, со кој и овозможија прогрес на Бенфика во осминафиналето откако лисабонските орли со 2-0 го совладаа Динамо Киев. Баварците без пораз, со максимални 18 бода продолжуваат понатаму заедно со киевски Динамо кој заврши со бод повеќе од Барселона, која пак, на пролет ќе продолжи во Лига Европа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста