ЛШ: БАРСЕЛОНА ГО ПОБЕДИ ЈУВЕНТУС СО 2-0, ЈУНАЈТЕД БРОЕШЕ ДО 5 ПРОТИВ ЛАЈПЦИГ

Барселона славеше кај Јувентус со 2-0 во дербито на второто коло од Лигата на шампионите. Дембеле во 18-тата и Меси од пенал во 91-та минута и го нанесоа првиот пораз на „Старата дама“, која беше ослабена со неиграњето на Роналдо, кој сеуште е во изолација поради Коронавирус. Мечот го одбележаа и три неважечки погодоци на Мората за Јуве по преглед на ВАР снимките. Вториот меч во Групата Д, меѓу Ференцварош и Динамо Киев заврши без победник 2-2. На останатите средби, Манчестер Јунајтед го торпедираше Лајпциг 5-0, а ПСЖ со 2-0 славеше кај Башакшехир. Челси го декласираше Краснодар 4-0, а Севиља едвај 1-0 одигра со Рен. Сигурна победа на Дортмунд 2-0 против Зенит, додека Лацио ремизираше 1-1 кај Бриж.

Поврзани вести