„Ловец“: „Нема да дозволиме со лаги и фабрикувани информации да ни го урнат угледот“
Ловечкото здружение „Ловец“ реагира на лажни и фабрикувани информации во медиумите за случајот со заскитано зрно кое полесно повредило едно лице на 03.08.2024. Во интерес на вистинитоста на информациите и случајот, во писмен допис, ја информираат јавноста дека во дел од медиумите биле објавени неточни податоци за случајот и за инвиолвираните лица во него. Од „ЛЗ Ловец“ реагираат дека посочениот настан не бил во с. Чардаклија туку во ловиште бр.10 Балван кое е во близина на село Балван .
„На местото на настанот,во ловиштето,спротивно на наведеното, не било присутно лицето Д.Ѓ. што може да се утврди и од увидот во дневните дозволи кои ги издава стручната служба на „ЛЗ Ловец“. Имено на Д.Ѓ за 03.08.2024 година ниту му била издадена дозвола ниту ловел истиот ден. Оттука прозлегува дека се неточни објавените наводи дека тој бил присутен кога се случил настанот“.
Фактичката состојба според „ЛЗ Ловец“ укажува дека лицето Д.Ѓ. воопшто не бил присутен на местото не бил во можност да нуди пари и да укажува прва помош, како што лажно велат се информирало во медиумите:
„Ловците кои ловеле на посочениот терен ловеле исклучиво со нивно оружје, кое го поседуваат и го носат согласно законските прописи и регулативи и си користат нивни сопствени возила. Ловците ловеле на терен со кој стопанисува „ЛЗ Ловец“ на кој е дозволено да се лови прелетен дивеч согласно Законот за ловство. Сите наводи,објавени, кои се веќе видена работа од страна на т.н. група незадоволни ловци, ги сметаме за недолични, невистинити, тенденциозни и со намера да го нарушат угледот и честа на Здружението и на работните органи и тела“, реагира Стефан Панев, секретар на „ЛЗ Ловец“
Од „ЛЗ Ловец“ велат дека спротивно на законските прописи во јавноста се наведуваат лични податоци на лицата кои биле или не биле присутни на настанот ,за што инволвираните лица ќе поведат соодветни постапки. „ЛЗ Ловец“, како и до сега и во иднина,неселективно и непристрасно ќе постапува согласно Законот за лов,Законот за оружје и постоечкиот Статут на Здружението.