Лоши корона сценарија за Македонија – над 1.600 починати до 1 ноември

Лоши корона сценарија за Македонија на есен. Ако продолжи олеснувањето на мерките за заштита, до први ноември во земјава ќе починат 1.629 луѓе од ковид-19, предвидува  американскиот Институт за здравствени мерења при Универзитетот Вашингтон од Сиетл. Се предвидуваат уште две сценарија. Најлошото – ако продолжи олеснувањето на мерките и никогаш не бидат вратени, во тој случај проекцијата е 1.805 мртви до први ноември. Додека најповолно би било, ако 95 отсто од граѓаните носат маски, бројот на починати до први ноември би изнесувал 752. Покрај ваквите предвидувања и предупредувања министерот Филипче, одговори дека нема да има повторно воведување на рестрикции. Според него, единствена индијација која треба да покаже дали е потребна рестрикција за движењете се пополнетоста на болничките капацитети во ковид-центрите, кои според министерот се стабилни во бројките.

Епидемиологот Даниловски за Алфа вели условот за избегнување на лошите сценарија е поголемо почитување на мерките.

“Рестриктивните мерки се нешто што е нужно зло или неопходност за да се спречи првиот налет во пораст на болни. Но трајното решение е во едно континуирано контролирање на крварењето или бројот на болните. Во случајов имаме навидум некотролирана ситуација, значи немаме рестрикции. Но, рестриктивните мерки би требало да се воведат ако наеднаш почне да расте бројот на хоспитализираните.” – вели Драган Даниловски, епидемиолог.

Според Даниловски,во моментов потребно е таргетирано спроведување на рестриктивни мерки во најзагрозените региони со најголем број на заболени.

“Со скратување на работното време на одредени угостителски објекти за да се редуцира бројот на социјални контакти.Инаку, прогласување на полициски часови или затворање на системот комплво моментов би било депласирано. Соочувајќи се со овој проблем она што го превземаме за решавање не смее да предизвика поголема штета отколку со проблемот со кој се справуваме.” – вели Даниловски.

Истовремено,Македонија урива рекорди по број на заразени и починати на милион жители од земјите во регионот, покажува истражувањето на Ал Џезира Балкан.

Македонија  е со 4.094 заразени на милион жители,  на второ место е Косово со 3.010, па Србија со 2.776 додека Словенија и Хрватска имаат најмалку заразени во однос на бројот на жители.

Нашата земја убедливо води и во втората црна статистика за бројот на починати на милион жители. Досега во земјава починаа 189 луѓе на милион жители. Со многу помал број, од 72 смртни случаи на милион жители, е Босна и Херцеговина, а по неа следува Косово со 64. Хрватска има најмал број смртни случаи на милиони жители – 29.

 

Ања Василева 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста