Лонгјербан- Град во кој со закон е забрането да се умре (Видео)

Покрај тоа што е најстудениот населен град во светот, норвешкиот град Лонгјербан, кој се наоѓа во Свалбард, е посебен и по нешто друго.

Имено, во овој град не починал никој цели 69 години, затоа што е забрането да се умре со закон.

Дури и ако сте го поминале целиот живот во него, јавува „IFL Science“, ако се случи да се разболите или болеста е во завршна фаза, ќе мора да си заминете и да ја дочекате смртта на друго место. Во случај на ненадејна смрт телото не се закопува во овој град.

Ако мислите дека ова е навистина бизарен закон, имате право, но зад тоа има многу важна причина, а тоа е заштита на другите жители.

Во 1950-та година, откриено е дека телата затрупани во градските гробишта не се распаѓаат поради студот, а како резултат на тоа вирусите во трупови живеат, а со тоа се јавува ризик од идни инфекции.

Иако ова звучи како сценарио за хорор филм, нешто слично се случи во северен Сибир, каде се случи епидемијата на антракс во 2016-та година. Во оваа ситуација, причина за инфекцијата беа телата на диви животни кои биле во замрзната почва, кои, кога температурата се зголемила брзо, се разградиле. Од каде едно лице починало, а други 90 завршиле во болницата.

Населбата имала население од 2.144 во пописот во 2015-та година, а на островот доминира арктичка клима со летни температури од три до седум степени Целзиусови, зимските температури се -13 Целзиусови степени.

Поларната ноќ трае 111 дена (целосен мрак владее од крајот на октомври до март).