Љатифа Шиковска најверојатно била таа која им поделила ресани со поминат рок на Ромите во Маџари

Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Љатифа Шиковска, односно нејзината невладина организација, најверојатно била таа која им поделила хуманитарни пакети со поминат рок на Ромите во Маџари, ова за Алфа го тврдат луѓе од населбата кои ни испратија и фотографии.

Иако Шиковска вчера демантираше преку Фејсбук дека делела хуманитарна помош, само неколку дена претходно самата објавила на истата социјална мрежа дека е во хуманитарна акција. Пакетите на нејзината фотографија се исти со оние каде граѓаните најдоа ресани со поминат рок.

На фотографиите објавени на 23 април, јасно се гледа како Шиковска преку Фејсбук се фали оти дели помош барајќи трпение од граѓаните дека ќе стигне на сите да им подели.

Кога скандалот изби вчера Шиковска не одговараше на повиците на Алфа. Но по некое време напиша статус на Фејсбук каде сето ова го демантираше.

Видеото кое беше постирано на социјалните мрежи на кое се гледа дека ресаните се со стар рок е од исто лице кое претходно и се заблагодарува, исто така на Фејсбук, на Шиковска за дадениот пакет.

Шиковска и денеска не одговара на повиците на Алфа. Дали надлежните ќе постапат останува дилема. Засега нема најава од надлежните инспектори дека нешто ќе преземат.

Дали ваквите донации со поминат рок ќе им донесат дополнителни гласови на оние кои ги поделиле? За сега е сигурно е дека некој се надева на брзи избори, а со тоа се обидува да купи повеќе гласови.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста