Ливерпул се врати од тешкиот пораз кај Манчестер Сити

Ливерпул брзо се врати од тешкиот пораз кај Манчестер Сити минатата недела и оваа два пати слави за да се приближи до рекордите во Премиер лигата. Црвените синоќа без поголеми проблеми минаа кај Брајтон со 3-1 и веќе имаат 92 бода, што е само осум далеку од израмнување на 100 бода кои за сега важат како максимум во Првата англиска лига. Тука се веќе 30 победи, а границата што ја постави Сити е на 32, што за составот на Јирген Клоп делува достижно зошто до крај остануваат уште 4 круга.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста