Литургија во црквата „Св Кирил и Методиј“ во Маврови Анови

Во црквата посветена на Св. Кирил и Методиј Солунски, во Маврови Анови, митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше света златоустова литургија во сослужение на свештеници од Тетовско-гостиварската епархија.

„Во овој мајски ден, дојдовме во Маврови Анови, во ова светилиште со прекрасен поглед, да го прославиме споменот на словенските просветители, учители и рамноапостоли, светите браќа од Солун-Кирил и Методиј. Да се прослави нивниот споменот значи да се потсетиме на нивниот живот и на нивното богоугодно дело. Но, не треба само да се потсетиме на нивниот живот, туку и да ја подржуваме нивната вера за да на тој начин одбележувањето ја добие својата потполна смисла“, рече на проповедта г. Јосиф

На литургијата верниците се причестија, по што г. Јосиф ги благослови кумските лебови.