„Лист продукција“ со фалсификат документи испумпала пари од Агенција за филм

„Лист продукција“ со фалсификат документи испумпала пари од Агенција за филм

„Лист продукција“, во сопственост на невенчаната сопруга на режисерот Игор Иванов – Изи, Марија Димитрова, е под сомнеж дека земала државни пари со фалисификат документ. На скандалите во Агенцијата за филм им нема крај. Според истражувањето на ТВ Алфа, по 2017та, оваа институција очигледно влегла во лажен филм дека е над законите. Покрај десетиците сомнежи за незаконско делење на народни пари, судир на интереси и непочитување на законот, според надзорниот извешатај на Министерството за култура, тие толерирале и апликации за продукција на филмови, кои соддржеле фалсификувани документи.

  • Иако инспекторот утврдил дека филмскиот продуцент „Лист продукција“ доставил неточни податоци, односно дал изјава со невистинита соддржина, Управниот одбор на Агенцијата за филм ниту расправал за потребата од преземање на конкретни дејствија за давањето изјава со невистинита соддржина од страна на филмскиот продуцент, ниту пак донел некаква одлука во однос на овој продуцент“ – Пишува во надзорениот извештај на Министерство за култура за работата на Агенција за Филм.

Инспекторите од Култура утврдиле дека, со цел правата од филмот „Сестра“ да преминат од режисерот Дина Дума, кај „Лист продукција“, во прашалникот навеле неточни податоци за да го изиграат законот за филмска дејност. Во документот пишува дека тоа се случувало бидејќи дел од продуциските куќи биле повластени. Па така, за наводното давање изјава со невистинита соддржина на продуцентската куќа „Банана филм“, управниот одбор на агенцијата во 2023та решила да се запре финансирањето на сите проекти на оваа продукциска куќа во сопственост на Милчо Манчевски.

  • Ваквите постапки упатуваат на очигледна селективност при постапувањето на управниот одбор на Агенцијата за филм при носењето одлуки кои се однесуваат на различни продуцентски куќи, со што се нарушува основниот принцип на еднаква примена на законите кон сите прдуцентски куќи.“ – Стои во извештајот од култура.

Од Алфа ТВ испративме и барање за став со компнијата „Лист продукција“, но одговор не добивме.

Инаку, оваа компанија, во сопственост на Марија Димитрова, партнерка на Игор Иванов – Изи, од основањето на Агенцијата за филм, односно изминатите безмалку 10 години, од државниот буџет инкасирале околу 85 милони денари, односно скоро 1,4 милиони евра. Успеси на конкурсите имаат особено по 2017та, кога некои години добивале поддршка и за повеќе од еден проект, а особено плодна им била 2022та, кога се закитиле со 44 милиони денари од државниот буџет, за филм насловен „Белиот“, во режија на Игор Ивановски – Изи.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )