Ликвидација како на филм, убиство среде Скопје

Убиство како на филм во скопски Бутел. Брканици, пукотници, оштетени возила, еден ранет, но и еден убиен, ова е сликата која ја пренесуваат соседите во Бутел, кои пред камерите на Алфа сведочеа за страшното убиство во очи на еден од најголемите муслимански празници.

Според неофицијални информации убиен е 43 годишниот Камер Идризи, а ранет е неговиот внук од Арачиново кој моментално се наоѓа во скопските клиники. Кон нив било пукано од возило во движење според информациите во јавноста станува збор за црн SUV марка ренџ ровер, додека двајцата жртви биле на паркинг кај т.н. социјални згради во возило Голф.

Наводно кон лицата во голфот биле испукани дури 90 куршуми, од кои дел завршиле во телата на ранетиот и починатиот.
Причината за престрелката официјално не е позната, но се шпекулира дека зад убиството стои претходна расправија и недоразбирања меѓу две скопски групи.

Од МВР велат дека увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција, а возилото е запечатено и пренесено во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка“.


Според информации од полиција вчера околу 21.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на подрачјето на Чаир, каде било паркирано патничко возило „фолксваген голф 7″, со скопски регистарски ознаки, а во кое биле возачот Л.П.(24) од Скопје и сопатникот К.И.(43) од Скопје, неколку лица со огнено оружје испукале проектили кон возилото.
„К.И. починал на самото место, а Л.П. бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски”, каде му биле констатирани тешки телесни повреди
, велат од МВР.

Убиството во Бутел ги вознемири жителите на населбата, велат дека стравуваат за нив, но и за нивните деца.

Инаку убиениот бил веќе познат на полицијата, тој наводно бил едно од лицата врз кое било пукано во хотелот „Александар Палас“ во 2019-та година. Тогаш напаѓачи со автоматско оружје и фантомки на лицето упаднаа во хотелот, а пострашни последици врз нападнатите спречил полицаец во цивил кој во тој момент седел на истата маса со нападнатите.

Веќе на социјалните мрежи кружат фотографии на Идризи со потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, но и со градоначалникот на Бутел Смилевски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста