Лидс ремизираше со Ливерпул и порача: Фудбалот е за навивачи и ЛШ треба да се заслужи!

Лидс Јунајтед со гол во 87та минута извлече бод на тешката пресметка против Ливерпул. Членот на новата европска Супер лига поведе со голот на Мане уште во првиот дел, но домаќинот по голема борба во финишот преку Љоренте дојде до 1-1. Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски беше меѓу подобрите во тимот на Бјелса, и одигра 79 минути. Лидс пред почетокот на мечот истрача со бели маички, на кои пишуваше, „фудбалот е за навивачи“, и “Лигата на шампионите треба да се заслужи“. Дека сосема се во право, говори и табелата во Премиер, Ливерпул е шестти со бод помалку зад Челси, а два помалку зад Вест Хем на четвртото, последно место кое води во ЛШ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста