ЛИДС И БОРУСИЈА (Д) ЌЕ ПОНУДАТ АСТРОНОМСКИ СУМИ ЗА ДА ГО ДОНЕСАТ ЕЛИФ ЕЛМАС

Елиф Елмас е цел на Лидс и Борусија Дортмунд пишуваат турските новинари и додаваат дека двата клуба се подготвени да издвојат астронимска сума. Тие и плус Бенфика летоска наводно се обратиле до сопственикот на Наполи Аурелио Де Лаурентис и понудиле 25 милиони евра, но тој ги одбил со образложение дека македонскиот бисер не е за продажба и дека договорот му трае до 2025-тата. Но сега прашање е која е сумата што би требало Лидс и Борусија да ја понудат за да го премислат наполитанскиот режисер, па во Турција сметаат дека таа сега е близу 100 милиони евра.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста