Либерман: Повторно ќе го отвориме главниот премин во Газа

Министерот за одбрана на Израел Авигдор Либерман денеска најави дека во вторник  повторно ќе биде отворен главниот премин меѓу Појасот Газа и Израел.

Израел го затвори преминот Керам Шалом на 9 јули и ја намали рибарската зона од 17 километри на 11 километри, поради нападот со запалливи змејови, истрелани на израелската територија со цел да предизвикаат пожари.

– Ако денеска и утре ситуацијата, како што беше вчера, остане непроменета, ќе дозволиме терминалот Керем Шалом да се врати во нормална активност во вторник, рече Либерман.

По прекинот на огнот кој го објави Хамас во ноќта меѓу петокот и саботата, ниту една палестинска ракета не беше истрелана на израелска територија.