Либан прогласи тридневна жалост

Либан прогласи тридневна жалост по големата експлозија која го погоди главниот град Бејрут вчера, а во која животот го загубија најмалку 100 лица, а околу 4.000 се повредени.

Претседателот на Либан Мишел Аун изјави дека најверојатно причина за експлозијата се 2.750 тони аномиум-нитрант кои се наоѓаат во складиште веќе шест години без потребните безбедносни заштитни мерки.

Закажана е итна седница на владата која би требало да прогласи двенеделна вонредна состојба.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста