Левица: Ни се крадат три пратеника

„Додека го држиме пресот, во моентот на Левица и се крадат три пратеника, во изборна единица 2, изборна единица 4 и вториот во изборна единица 1“ – изјави на денешната прес конференција Димитар Апасиев. Тој потенцираше дека Левица е оштетена за 10000 гласови на вчерашните избори.

Тој даде свој осврт и за хакерскиот напад на страницата на Државната изборна комисија за кој рече дека чини неколку милиони евра и тоа можат да го спроведат само неколку луге во државата. Дополнително Апасиев, Донтовиот модел го нарече „шизофрен“ затоа што, според тоа кој пратеник колку гласови „тежи“, тој модел ја фалсификува волјата на граѓаните и истиот ќе бараат да се промени, односно Левица ќе се заложува за една изборна единица.

 

https://www.facebook.com/255990845327431/posts/613870389539473/

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста