„Лев Тахор“ ќе го напушти Лакочереј за 10 дена, нема да шетаат низ селото, а полицијата ќе ги зачести контролите

Членовите на еврејската верска заедница Лев Тахор остануваат во Горно Лакочереј до 6-ти март кога и им истекува двонеделниот договор со сопственикот на хотелот ‘’ Прага‘’ по што контроверзната еврејска група, според нивните уверувања, ќе ја напушти земјава. До тогаш мора да се смират страстите,рече градоначалникот Пецаков и додаде дека најважно од се’ , е да внесеме смиреност помеѓу граѓаните а полицијата да ја гарантира нивната безбедност доколу чувствуват некаква загрозеност.

Во текот на утрешниот ден ќе ги посетам, ќе ги замолам она што е сопственост на хотелот односно имот на хотелот, да се движат тука за да не се создава страв помеѓу граѓаните жителите на Долно и Горно Лакочереј кој што во овие две, три дена е повеќе од видлив,воопшто не е битно дали од оправдани или непоравдани причини смета Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

Жителите од Горни Лакочереј на денешниот состанок во Општина Охрид , кажаа дека ги вознемирувало присуството на 37 члената група Лев Тахор поради тоа што за нив го пишувале светските медиуми.

Но тој страв нас не наведе да побараме заштита од полицијата,луѓево да не вршат обреди, мисии низ двеве села. Претставувајќи ја тие нивната религиозна култура ,претставувајќи ја нивната мисија ние гледаме дека тие не пропаѓаат во нашиот религиозен обичај и тоа е стравот за истиот мит што ги бие како група вели Илче Настоски-жител на Долно Лакочереј.

Од Дебарско-кичевската епархија смируваат,нема простор за загриженост и тие биле туристи како илјадници други.

Според сознанијата од службите од кои се информиравме, сметаме дека и оваа верска групација која престојува во село Горно Лакочереј, не претставува никаква опасност за тамошните верници ,не ги загрозува нивните верски чувства – рече Илија Ристевски-Дебарско кичевска епархија .

Полицијата е обрзана се додека челновите на Лев Тахор се во Охрид да врши зачестени патроли во селото, а нивните прошетни низ градот,да бидат организирани.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста