„Летна кампања“ на СВР Скопје за зголемување на безбедноста во сообраќајот

 Секторот за внатрешни работи Скопје при Бирото за јавна безбедност во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот организира сообраќајно превентивна кампања за безбедност во сообраќајот „Летна кампања“. Целта на кампањата е едукација и подигање на свеста за одговорно учество во сообраќајот во летниот период .

Изработени се едукативни материјали за потребите на кампањата и по успешно организираниот вчерашен настан на наплатна станица Петровец, денеска (23.07, четврток) на просторот помеѓу трговските центри „Бисер“ и „Капитол мол“ во општина Аеродром – Скопје, беше реализирана уште една акција за дистрибуција на едукативните материјали.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста