Лестер гостува кај Челси во директен дуел за третото место во ПЛ

По триумфот во финалето од ФА Купот, Лестер вечерва повторно ќе ги измери силите со Челси, но сега во Лондон од 21.15 часот во директен дуел за третата позиција во Премиер лигата, а со тоа и сигурен пласман во Лигата на шампионите наредната сезона. Лестер е во пол позиција со 66 бода, два повеќе од Челси, и со евентуален триумф ќе го завери третото место на едно коло до крајот. Во тој случај, Челси ќе ја бара шансата против Астон Вила во последното коло, но со сериозна закана од Ливерпул, кој има бод помалку од нив, утре гостува кај Барнли, а во последното коло го дочекува Кристал Палас.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста