Лекот Ивермектин стигна во аптеките – матичните не знаат на кои пациенти треба да го даваат

Граѓаните во трка да стигнат до лекот Ивермектин кој од денеска е достепен во аптеките во Македонија. Матични доктори признаваат оти пациентите почнале да притискаат да добијат рецепт за да го купат ефтиниот лек кој се покажал како ефикесен во лекувањето на Ковид 19. Но, министерството за здравство се уште нема испратено протоколи до докторите на кои пациенти ќе треба да се препишува лекот и во колкави дози. Од Здружението на матични лекари велат оти наместо од надлежните за лекот се инфромираат преку социјалните мрежи. Реагираат дека употребата на Ивермектинот веќе доцни во земјава.

„Министерството ни нема пратено никаков допис. Итно е потребно такво нешто да се достави до сите матични доктори и во два моменти треба да ни дадат информација. Во која доза да го дозираме на почеток и во која доза да го дозираме ако пациентот се лекувал кај нас но нема резултати од земање на антибиотици, колку дена, во која доза. Дозите ние ги читаме и од прилика дозите што се даваат се 0.2 на еден килограм телесна тежина. Но, тоа секој доктор се вклучува негде или на некои социјални мрежи или контактираме со колеги од странство па собираме искуства“, вели доктор Лилија Чолакова Дервишова, матичен доктор.

Од Агенцијата за лекови алармираат оти посотојат строги протоколи како и за кого ќе се користи лекот Ивермектин. Апелираат до граѓаните да не го употребуваат на своја рака, оти како и секој лек, така и Ивермектинот може да има несакани ефекти врз здравјето.

„Издавењето на лекот треба да оди на лекарски рецепт, тоа да го почитуваат, да не притискаат, да не прават залихи по дома, ќе има доволна количина на лекови. Нашите стручни лица налагаат дека може да се користи и како превентива. Првично здравствените работници да го земаат, го има ставено во протокол“, вели директорот на МАЛМЕД, Љирим Шабани.

Лекот Ивермектин во аптеките ќе се издава само со лекарски рецепт, од матичен лекар или доктор специјалист, а чини 300 денари.

Пациенти заразени со Ковид 19 со месеци наназад се лекуваа со Ивермектин, но го набавуваа на црно од Грција по цена од 1200 денари.

Овој лек веќе се користи за лекување на пациенти во Австралија и Нов Зеланд. Во Израел пак, Ивермектинот им бил даван превентивно на докторите кои работат во Ковид центрите.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста