Лекарите контра Филипче за проектот за стимулирање на вакцинација со 30 денари

Матичните лекари контра министерот Филипче – со иницијатива ќе бараат пренемена на парите кои им беа ветени како награда за да ја поттикнат имунизацијата. Наместо за стимулација на вакцинацијата, матичните бараат овие пари да се насочат кон лекување на пациентите на кои им се најпотребни. Иницијативата ја покрена докторот по општа медицина, Ненад Лазаров и ги повика колегите да ја поддржат. Тој им порача на здравствените власти дека и без финаниска стимулација ќе продолжат да ги едуцираат пациентите за придобовките на имунизацијата.

„Не ни треба стимулација туку вреднување на трудот. Се откажуваме од 30 денари по вакциниран пациент и бараме да бидат донирани за лекување на наши сограѓани“, пиша Лазаров на социјалните мрежи.

Одлуката на Владата да ги наградува матичните лекари кои ќе успеат да убедат 70 отсто од своите пациенти да се вакцинраат против ковид 19, предизвика бурни реакции кај стручната фела. Докторите се согласни века вака димензионирани мерките на власта се погрешни.

„Уште една потврда за промашена стратегија. Не го стимулирате тој што се вакцинира, туку го стимулирате тој што вакцинира, со некакво перверзно објаснување за некаква сума на пари којашто ќе ја добијат повторно оние кои што го износеа целиот товар на оваа пандемија а тоа се медицинарите и здравствените работници. Ова создава контра ефект и кај популацијата и кај оние кои што треба да убедат некого да се вакцинира. Секако во работата и во начинот на кој што функционираат матичните лекари и до сега и сите други здравствени работници е да се објасни на пациентите дека е подобро да бидат вакцинирани. Но, со овој начин кој се споделува посебно помеѓу јавноста дека тие за тоа ќе добијат некакви пари навистина е дегутантно и навистина е на границата на перверзија“, вели нефрологот Игор Николов, член на комисија за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

И од Здружението на приватни лекари му порачаа на ресорниот министер дека одлуката за условена финаниска награда е навреда за здравствените работници од примарното здравство кои речиси две години се во првите борбени редови со корона пандемијата.

Министерот Филипче, пак, мерката ја оцени како добра, а парите за докторите кои ќе го исполнат условот ги најви за в лето.

Инаку, со последната одлука на Владата, еднократна парична помош од по 30 денари по пациент ќе добијат оние лекари од примарното здравство кои ќе успеат да убедат 70 отсто од нивните пациенти да се имунизираат против корона вирусот.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста