Лекар во пензија кој заменувал колешка вработена во Здравствениот дом во Пехчево, е заболен од Ковид-19

Лекар во пензија кој заменувал колешка вработена во Здравствениот дом во Пехчево, е заболен од Ковид-19.

Засега нема точни информации како докторот се заразил, но се претпоставува дека со вирусот се инфицирал од шоферот во Брзата помош во Пехчево, информираат од тамошната епидемиолошка служба. Докторот е со лесна клиничка слика. Иако неговата здравствена состојба е стабилна, тој е хоспитализиран на Инфективното одделение во штипската болница.

Од денеска е регистриран и прв случај на заболен во Делчево. Пациентот од 13 април се лекувал на Клиниката за Онкологија во Скопје. Во понеделникот му е направен тест и по позитивните резултати од вчера е хоспитализиран на Инфективната клиника. Епидемиолозите работат на откривање на неговите контакти.

Со денешните два случаи во Источниот регион на државата се регистрирани вкупно 69 случаи. Најголем број од нив се во Штип – 34,во Кочани 28 и по два случаи во Виница, Пехчево и Пробиштип. Според здравствените власти околу 70%од заболените веќе се излекувани.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста